Перински: Граѓаните најмногу се жалат дека не добиваат услуги кои би требало им се достапни од јавните институции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмногу граѓаните се жалат на недобивање на услуги кои би требало да бидат достапни од страна на јавните институции. Ова го изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција во неговиот отчет за изминатите 100 дена.

Соопшти дека е отворена платформа „Сподели“ а која граѓаните  можат да му се обратат на мејлот [email protected]  за каков било  проблем, предлог, критика и идеја.

 -Во суштина луѓето бараат основни потреби, не се обраќаат со некаква квантна физика со што би го нарушила системот или за што треба некој посебен ангажман. Тоа се потреби кои локалните власти и централните власти до сега, за жал, не ги земале предвид. Тука ние пробуваме да најдеме решение, да видиме зошто тоа не се спровело. Пробуваме да најдеме решение и за голем дел од нив најдовме решение, рече Перински одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за 100 дена Влада.