Пешачка зона од Стара железничка до Бит пазар – „Сообраќајките на велосипедистите не се пријавуваат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Улиците се за луѓе“ порачаа од иницијативата „На точак“ кои денеска возеа велосипеди на улицата „Васко Карангелески“, која ќе биде затворена 12 часа за автомобили. На прашањето колку се безбедни велосипедистите во сообраќајот велат:

„Конфузно прашање е тоа, комплицирано, бидејќи не се пријавуваат. Сообраќајните несреќи каде учествуваат велосипедисти не се пријавуваат, туку се сметат за мали судири кажуваат дека нема настрадани, нема судир и бројот е значително помал од вистинскиот“, посочи Дарко Арсовски Петровски од Иницијатива „На точак“.

Петровски дава оцена добра тројка за условите за возење во градот и далеку вели од петка. Најлоши се условите за возење во Кисела Вода, Чаир и Бутел вели тој. Градоначалникот пак, задоволен од изградената велосипедска патека од 60 км за три години.

„Скопје ќе го направиме најголема пешачка зона во Европа која ќе се движи од Стара Железничка до Бит Пазар“, истакна Шилегов.

Додава дека со новиот Бас рапит транзит ќе се ослободи Рекорд за пешаци. Велосипедот е главно превозно средство во повеќе градови во светот како на пример:
Во Копенхаген 35% од вработените доаѓаат на работа со велосипед. Во Амстердам, Холандија има над 800.000 велосипеди. Во Монтреал, Канада имаат 600 километри патеки за велосипедисти. Во Будимпешта има 200 километри велосипедски патеки.