Пет деца пронајдени мртви во германскиот град Солинген

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет деца се пронајдени мртви во приватен стан во градот Солинген во западна Германија, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи биле денеска повикани во станбениот блок во областа Хаселдел во градот.

Од полицијата истакнуваат дека дополнителни детали ќе бидат откриени подоцна.

Според непотврдени информации од веб-страницата Билд, петте деца биле на возраст од една до осум години, а со нив имало уште едно дете на возраст од 11 години кое преживеало.

Јавниот радиодифузер ВДП соопшти дека полицијата овој инцидент го третира како кривично дело.

Според „Билд“, полицијата била повикана од бабата на децата која рекла дека нејзината 27-годишна ќерка ги убила и дека отишла со друго дете.

„Билд“ пишува и дека мајката, околу 14 часот, скокнала пред воз, 35 километри од местото на убиството, на главната железничка станица во Дизелдорф, и дека преживеала и била пренесена во болница со сериозни повреди.

Портпарол на локалната полиција за Билд изјави: “Сè уште не можеме да кажеме ништо за мотивот. Мајката мора да биде интервјуирана”.