Пет години од бомбашките напади во Брисел во кои загинаа 34 лица, а преку 300 беа повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22 март 2016 година се случија три експлозии во Белгија, две на аеродромот во Брисел, и една на метро станицата „Малбек“, при што загинаа 34 лица, а преку 300 беа повредени.

Првите напади се случиле во 7:58 часот, откако се слушнале две експлозии во рок од само 9 секенди. Веднаш е прекинат сообраќајот, а потоа во 9:11 експлодираше бомба во метрото, првично убивајќи 20 лица.

Белгија веднаш го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво, а во 9:27 целиот јавен транспорт беше во прекин. Беше во прекин и возот меѓу Брисел и Лондон.

Попладне имаше уште една детонирана бомба на аеродромот во Брисел, а потоа и беше најдена бомба во еден кварт во главниот град со знаме на ИСИЛ.

Точно една година подоцна во 2017, терористички напад имаше и во Лондон по кој загинаа четири лица, а преку 20 беа повредени откако човек со автомобил влета во пешаци, а потоа избоде полицаец кој го обезбедуал британскиот парламент. Притоа беше застрелан и напаѓачот.

Од ударот со автомобилот загинале двајца пешаци на мостот Вестминстер, а починал и избодениот полицаец, а потоа и самиот напаѓач.