Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов истакна дека во овој момент пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион.
Тој додава дека тие заедно ќе „удрат“ по големиот пожар кој се заканува на околните села.
Ангелов порачува дека нема место за паника, а безбедноста на луѓето е на прво место.
„Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво место!“, додава тој.
