Од вкупно 115 пациенти кои се лекуваат во странство од повредените во пожарот во Кочани, пет од нив се во тешка здравствена состојба. Министерот за здравство Арбен Таравари најави и дека од пациентите кои се лекуваат во болниците во земјава, 12 ќе бидат отпуштени денеска на домашно лекувањ. Пациент кој се лекува во Белград и е во добра состојба ќе биде донесен на понатамошно лекување во Скопје, за подоцна да биде пуштен дома.
На прашањето на ТВ21 како министерот Таравари ја оценува неговата работа во менаџирањето на целокупната состојба со пациентите кои се здобија со повреди од трагедијата во Кочани, рече дека интензивно работеле.

„Тоа не е моја работа, тоа е работа на тимот, оние што ги гледате и многуте здравствени работници што воопшто не ги гледате на прес-конференции, овде сме само 6-7 луѓе, тимот кој има дадено 20 или повеќе од 30 труд. Граѓаните треба да дадат проценка“, вели Арбен Таравари.
Неколку западноевропски земји понудија долгорочна рехабилитација за пациенти со посериозни заболувања, чие лекување може да трае со недели или месеци, најави Таравари по средбата со кризниот штаб.
