Пет приведени и кривични пријави за инцидент на протестот во Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

пет приведени лица е епилогот од вчерашниот инцидент во Тетово меѓу полицијата и учесници на протестот за поддршка на жртвите во пожарот на модуларната болница. Тие се соочија и со кривични пријави под сомнение за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, а тројца од нив се сомничат и за делото „напад на службено лице во вршење на работи за безбедноста“.

Приведените и против кои има кривични пријави се: 31-годишник од кичевско Туин, 52-годишник од Мала Речица, 33-годишник од тетовско Вешала и двајца тетовци на возраст од 33 и 30 години.

-Денеска петмината обвинети се изнесени пред судија на претходна постапка каде се очекува судијата да донесе одлука дали приведените ќе одат во притвор или ќе бидат ослободени-вели адвокатот Рахмани.

Судирот со полицијата се случи во момент кога демонстрантите се упатија кон седиштето на Демократската Унија за интеграција во Мала Речица, при што беа спречени да влезат во објектот. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Притоа повредени беа четворица полициски службеници.