Пет возила се зафатени во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале.
Од пожарот, три возила се делумно, а две целосно изгорени.
Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.
„Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот“, информираат од пожарна.
