Петровска: „Јовано Јованке“ е мојата омилена песна, тоа беше добар гест на домаќините

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, со која разговаравме околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира.