Петровска: Власта сака да ги спои АНБ и АР за „безболно“ да го разреши Христовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска смета дека, власта нема капацитет да ги спои АНБ и АР. Очекува дека ќе донесе наскоро закон за „безболно“ да го промени сегашниот директор на АНБ зад чие поставување изби скандал. За случувањата во безбедносниот сектор смета дека се лоши за членка на НАТО.

„Оваа власт нема капацитет тоа да го спроведе , и јас се плашам дека под притисок на овој скандал , кој е поврзан со директорот на Агенцијата дека тие тоа ќе сакаат што е можно тоа побрзо да го направат и не би се изненадила во наредните неколку недели до крајот на оваа година тој закон да биде поднесен во Собранието затоа што мислам тоа ќе биде елегантен начин под наводници како тие да го избегнат повлекувањето на овој директор и едностано ќе назначат нов на таа заедничка разузнавачка служба“, рече Петровска.