Пијан полицаец предизвикал сообраќајка во која повредил три лица во Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во саботата околу 12 часот во полиција било пријавено за сообраќајна незгода во Каштел Штафилиќ на патот д-р Фрањо Туѓман. Во несреќата се судриле три автомобили и автобус. Три лица со полесни повреди се пренесени во болница. Несреќата ја предизвикал 22-годишен возач, инаку полицаец кој не бил на должност, кој управувал автомобил под дејство на 1,2 промили алкохол. Возачот поради возење на недоволно растојание не успеал навреме да застане и удрил во запрен автомобил Пежо. Потоа, од силината на ударот пежото удрило во автобусот. 

– Во сообраќајната незгода со полесни физички повреди се здобиле две сопатнички од патничко возило „пежо“ и возачот на патничко возило „голф“. Против 22-годишниот возач е поднесен обвинителен акт за сторен прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а ќе следува предлог за поведување дисциплинска постапка за тешка повреда на работните должности – известуваат од полицијата.