Авион „Боинг“ со 181 патник се урна во неделата наутро во Јужна Кореја при обид да слета на аеродромот Муан.
Спасувачите успеале да извлечат две лица од опашката на авионот и да ги префрлат во блиската болница. Пожарникарите стравуваат дека сите останати загинале во огромната трагедија. Доколку оваа бројка се потврди, ова ќе биде најтешката несреќа на јужнокорејската цивилна авијација.
Пожарникарите претпоставуваат дека несреќата ја предизвикале удари од птици и лошото време. Сепак, началникот на противпожарната служба на Муан, Ли Џеонх-хјун, рече дека истрагата ќе ја открие точната причина за трагедијата. Тој додава дека опашката на авионот изгледа недопрена, но остатокот е „непрепознатлив“.
Агенцијата „News1“ пренесува дека наводно еден патник испратил порака до роднините дека птици биле заглавени во моторот.
„Треба ли да ти ги кажам последните зборови?“, наводно стоело во пораката.
#WATCH: Purported Video of Bird Strike Causing Jeju Air Plane Crash at South Korea Airport
— Republic (@republic) December 29, 2024
.
.
.#PlaneCrashes #SouthKorean #southkoreaplanecrash #jejuairlines #JejuAirPlaneCrash pic.twitter.com/7BuyZxHxeS
