Пилотот кој загина во Словенија е поранешен шведски политичар и контроверзен претприемач

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пилотот кој во понеделник загина во авионска несреќа во близина на Велика Планина во Словенија е шведскиот државјанин Карл Лундстром. 64-годишникот е поранешен политичар и косопственик на познатата пиратска веб-страница The Pirate Bay.

Неговата смрт ја потврди и шведската крајнодесничарска партија Алтернатива за Шведска, чиј член беше од основањето на партијата во 2018 година, објавија шведските медиуми.

„Денеска добивме трагична и незамислива вест. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Тој полета со својот авион „Муни М-20“ од Загреб, на пат за Сент Мориц во Швајцарија, но се урна во Словенија“, пишува во соопштението на Партијата.