Пиштолот сѐ уште не е пронајден, судењето на Палчо и соучесниците одложено за 20. септември

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судијата Ивица Стефановски означи старт на судењето за свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Таткото на девојчето се товари дека на групата и кажал во колку часот девојчето само ќе излезе од дома за на училиште.

Влатко Кекишов, Боре Видевски и Велибор Манев биле соучесници во делата.

Во судница не беше спроведен Љупчо Палевски – Палчо бидејќи за него судот вчера го прифати обвинителниот акт. Обвинителството сега бара спојување на двете обвиненија.

Од Кривичен соопштија дека го прифатиле барањето поради економичност на постапката и затоа што станува збор за ист кривично-правен настан, исти кривични дела и за обвинети кои се гонат како соизвршители.

Петмината обвинети заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете со цел да присилат на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. До сега остана неразјаснето прашањето зошто заврши со убиства.

„Изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет, во врзана состојба и онеспособена за отпор и било предочено дека ќе биде убиена така што по налог на обвинетиот Љупчо Палевски обвинетиот Велибор Маневски го извадил оштетеното дете од гепекот по што обвинетите ја доближиле и ја ставиле во претходно ископана дупка од нивна страна со димензии од околу 180 см должина, 85 см ширина и 60 см длабочина каде обвинетиот Љупчо Палевски со огнено оружје пиштол НН марка, калибар 9мм преку перниче кое го пронашол во близина испукал еден куршум во пределот на главата на оштетеното дете нанесувајќи и огнострелна повреда на мозокот. По ова настапила смрт, па откако обвинетиот Палевски ја извадил вреќата за спиење обвинетите го закопале телото во дупка.“, стои во обвинението.

ТВ21: Дали се пронајде оружјето?
Спасовски: Пронајдовме еден пиштол денеска, односно два, ќе треба да се вештачат да се потврди, да не шпекулираме…

Осум месеци подоцна од обвинението се открива дека сè уште не е пронајдено оружјето со кое е стрелано во главата на жртвите.