Популарниот американски рапер Питбул (Pitbull) влезе во историјата на фестивалот „BST Hyde Park“ во Лондон, каде што беше соборен Гинисовиот рекорд за најголемо собиранје на луѓе кои носат капи што симулираат ќелавост.
Музичарот, познат и по прекарот Mr. Worldwide, инспирираше точно 22.141 обожавател пред главната сцена да го копираат неговиот препознатлив изглед – костим, очила за сонце и ќелава глава.
„Кој би помислил дека Кубанец од прва генерација ќе дојде во Лондон, ќе руши рекорди и ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди“, изјави емотивниот латино-добилник на Греми, чие вистинско име е Армандо Кристијан Перез.
Идејата за овој потфат минатата година ја покренаа водителите на „BBC Radio 1“, а обожавателите со задоволство ја прифатија и покрај топлото време во Лондон каде температурите достигнаа 32°C.
На концертот пред рекордна публика од 70.000 луѓе, на Питбул на сцената му се придружија и Лил Џон и поп-ѕвездата Кеша, која исто така во еден момент стави „ќелава капа“. Во знак на благодарност до британската публика, раперот во свој стил го изведе и безвременскиот хит на Oasis, Wonderwall.
