Известувачот на Европскиот парламент за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула денеска изјави дека падот на српската влада е резултат на зголемениот притисок на домашната јавност, предводена од студентите, врз претседателот Александар Вучиќ, а не на притисокот од странство.
Претходно премиерот Вучиќ кажа дека падот на Владата се случил поради притисок од странство.
„Падот на српската влада е последица на зголемениот притисок врз режимот на Александар Вучиќ од спонтано мобилизирана домашна јавност предводена од студенти, а не „невидливата рака“ на силите од странство како што ја претстави премиерот во оставка. Наспроти тоа, некои од највлијателните политичари од земјите-членки на ЕУ, исто како и претседателот на Комисијата, му дадоа отворена поддршка на српскиот претседател“, изјави Пицула.
Тој рече дека ќе се види дали „поддршката за автократијата ќе остане непроменета и по евидентниот колапс на сегашниот модел на владеење со Србија“.
„Мора да се даде одговор и на прашањето дали масовните протести имаат доволен трансформациски капацитет за подлабоки промени во земјата. Тоа секако зависи од понатамошните потези на спротивставените страни“, рече Пицула.
