Тонино Пицула, новиот известувач на ЕП за Србија, кажа дека во таа земја властите го гледале како закана, како некој кој може да ја блокира Србија на патото кон ЕУ.
„Властите и некои радикални политички групи ме доживуваат како закана, како некој што може да ја блокира Србија на нејзиниот пат кон ЕУ. Всушност, тие се многу позаинтересирани за повлекување средства, а не вредности од ЕУ. Поединец, не може да го блокира европскиот пат на Србија, но тоа може да го направи актуелниот претседател на државата, кој ја има целата моќ да ја направи да напредува или не“, рече Пицула.
Пицула во минатото беше гостин и во „Клик Плус“ на ТВ21.