Проектот за водоводната мрежа на село Плачиште, општина Боговиње, се уште не е завршен. Оваа село никако да се снабди со чиста вода за пиење. Од месната заедница велат дека жителите веќе ја изгубиле надежта бидејќи од јули досега во оваа населено место се отворени над 20 бунари, но никако да се среди водоводната мрежа.
„Проблемот со водата е многу сериозен. Од јули до сега се отворени над 20 бунари во село Плачиште. Селаните, од деца до постари изгубиле секаква надеж за вода за пиење. Со завршувањето на проектот не се решава проблемот со водата за пиење, но веруваме дека само ја смениле трасата или линијата од другата страна. Ние продолжуваме да бараме, бевме и во општина со соселаните но секоја надеж е изгубена, само добро да се организираме и доколку не се реализира овој проект како што треба, ќе се организираме толку добро што ќе им ја дадеме заслужената казна на избори“, вели Вулнет Акики.
Градоначалникот на општина Боговиње, вели дека проектот е при крај. Тој побарал дополнителни мерки за продолжување на работите.
„Водоводната мрежа за село Плачиште се врши од Владата. Го чекаме анекс проект за дополнителен дел кој е во тек и доколку министерството не го спроведе, тогаш ние сме предвиделе, одвоивме средства и тогаш ќе отвориме повик за да го реализираме проектот сами од општина Боговиње“, вели Бесник Емшиу
Село Плачиште се снабдува со вода од една река, а жителите моментално немаат ниту техничка вода. Со вода за пиење жителите се снабдуваат од јавните чешми во градот Тетово и околните села. Инаку жителите веќе неколку пати протестираа за оваа прашање, при што неодамна ги блокираа и улиците.
