Плаќаме за да имаме автопати со дупки, Скопје – Куманово во лоша состојба, не се знае кога ќе се реконструира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со многу дупки, крпеници и наместа неасфалтиран. По овој автопат треба да поминете ако патувате од Скопје до Куманово. 95% од буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 д за капитални инвестиции, а најголем дел за патна инфраструктура, но не се знае дали ќе биде опфатен и овој пат што го поврзува Скопје со Куманово, кој ќе остане во ваква состојба се додека не се изнајде идејно решение, вели министерот Благој Бочварски.

Изгледа дека овој дел од автопатот не е меѓу приоритетите, бидејќи министерот истакна дека фокусот е на Коридорот 8.

Кога поминувате по автопатот Куманово-Скопје, плаќате на две патарини што ќе ве чини 100 денари, средства кои се предвидени за одржување на автопатот. А колку се одржува, се гледа од снимките. Инаку минатава година од патарините се собрани околу 49 милиони евра, што е за околу 300 илјади евра повеќе од претходната година, меѓутоа состојба на овој автопат како и на автопатот Скопје-Тетово не е воопшто добра. Што се однесува до автопатот Тетово-Гостивар, не ги ни исполнува европските стандарди за да биде автопат, нешто што за ТВ21 го потврди и самиот директор на ЈП “Државни патишта“, Ејуп Рустеми.