Планинска спасителна служба во југозападниот регион – „Не одете на планина ако немате информации за тешкотиите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа година Планинска Спасителна Служба е ангажирана во југозападниот регион на земјата по несреќата која се случи пред неколку дена каде дански државјанин падна од велосипед и се здоби со тешки телесни повреди. Од спасувачката служба апелираат за поголема внимателност посебно авантуристите кои се љубители на планински велосипедизам, параглајдинг, активности кои носат висок степен на ризик и често пати потребна е интервенција поради несреќите, повредите или исчезнувањето на планинарите.

Изгубени, дезориентирани, повредени од пад во бездна, се најчестите интервенции на спасувачката служба. Оваа година оваа служба учествуваше во истрага која заврши со фатални последици, но и во голем број на спасителни интервенции на блокирани автомобили во Галичица.

Освен спасувањето и давањето на прва помош на повредените, важна активност на оваа служба е и едукацијата, превенцијата и избегнувањето на несреќите во непристапните терени.