Два дена пред почетокот на учебната година, наставничка прави проби со своите ученици како да се вклучат и работат онлајн. Но и денеска поради големиот број на вклучени, Националната платформа за онлајн настава има проблеми.
Во врска со проблемот за вклучувањето на наставниците и учениците на националната платформа за онлајн настава, министерската тврди дека тие ќе бидат надминати за две недели.
Клупите, средствата за дезинфекција и протоколите за влез и излез на учениците се подготвени, но не и опремата со која ќе работат. Основното училиште, Дане Крапчев, има 820 ученици, од нив околу 500 ќе следат онлајн настава. Само во ова училиште има 87 ученици кои немаат дома компјутер или интернет.
Според Министерката за образование учениците кои немаат електронска опрема за да следат настава од дистанца, наставата можат да следат преку МРТВ.
Од СОНК вината за не поседувањето на технички средства од страна на учениците ја префрлува врз општините и училиштата.
Инаку, 40 илјади ученици немаат електронска опрема за да следат настава од дистанца. Националната платформа за онлајн настава беше откриена две недели пред да почне учебната година.
