рватскиот премиер Андреј Пленковиќ го смени министерот за здравство Вили Берош, соопшти хрватската Влада.
Според информациите, Пленковиќ ја назначил државната секретарка д-р Ирена Хрстиќ да раководи со Министерството за здравство до изборот на нов министер.
Медиумите претходно неофицијално објавија дека во утринава полициска акција биле уапсени министерот за здравство Берош и уште еден лекар за кривично дело корупција.