Силен земјотрес ја погоди Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово силен земјотрес ја погоди Турција, во околината на Газиантеп. Земјотресот е регистриран во 10:46 часот по локално време, а бил со јачина од 5,1 степен.

Според првите информации, се тресело околу 20 секунди силно. Засега нема пријави за материјална штета или повредени.

Во истото подрачје во февруари 2023 година се случи катастрофален земјотрес со 7,8 степени, по кој загинаа околу 60.000 лица во Турција и во Сирија.