Пленковиќ: Згрозени сме од трагедијата во училиштето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека целата хрватска јавност е згрозена од трагедијата во училиштето и дека властите во моментов имаат информации дека неколку ученици се згрижени во неколку болници.

„Ние, како и целата хрватска јавност, сме згрозени од трагедијата во основното училиште. Таму се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Тие, како и полицијата и сите служби, се обидуваат да утврдат се. Засега имаме информации дека неколку ученици се лекувани во неколку болници.. Министерот Хрстиќ сега ќе оди да види каква е состојбата со повредените. Штом имаме повеќе информации, ќе ја информираме јавноста за деталите“, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.