Во понеделник угостителите ќе испратат барања до Владата за нивно вклучувања во врска со мерките и препораките по кои треба да се водат. Ова доаѓа по најавата за отварање на кафулињата и рестораните по 15 мај. Се уште немаат насоки за тоа со колкав капацитет и на каков начин ќе работат.
„Ако започнеме со работа сетоа тоа треба да има економска логика. Не е само да се започне да се работи, и да работиме и да генерираме уште дополнително приходи затоа што условите за работа се знае дека трошоците течат. Ако работиме ние со 20 или 30 %од капацитетот а имаме 100 посто трошоци како и предходно тоа ќе биде проблем“, рече Мартин Ангеловски, претставникот на Групацијата на угостители.
Љупчо Јаневски директор на агенцијата за туризам вели дека со олабавувањето на мерките чекор по чекор се надеваат дека по 15 мај со препораки на епидемиолозите ќе се отвараат угостителските места.
-Социјална дистанца од 2 метри, дополнително одредениот капацитет во кој што ќе функсионираат хотелите и рестораните. Имаме некои најави не само кај нас но и во регионот што ќе се случува. Рестораните ќе бидат со отворени бавчи со одредени дистанци помеѓу масите системот на послужување, начинот кој што ќе биде „куќниот ред“ на послужување, сервирање на храна-рече Јаневски.
Агенцијата за туризам известува дека оваа година патувањата ќе бидат со сопствени возила, за авио компаниите се уште несе зане како ќе функционираат , едниот предлог е средното седиште во авионот да биде празно за да има социјална дистанца но со може да се зголеми цената на авио билтетите. Оваа година за годишни одмори од агенцијата предлагаат да се искористат домашните капацитети и локалитети.
