И по 30 години, повторно на исто место се собраа политичарите за да дадат нов оптимизам дека наскоро возот ќе свирне за Бугарија. Премиерите на Македонија и Бугарија официјално ја почна изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.
„Возот за Софија тргна во 1994 година и тоа е така. Пругата наречена надеж, така ја карактеризираат медиуми, е можам да кажам сосема претцизна форумулација. Свесен сум дека постои скептицизам, и јас сум еден од оние кои пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридот и се уште не е изград. И знам зошто постои тој скептицизам. Таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот ни е таков, и тоа на многу места. Јасен ми е сентиментот на граѓаните“, вели Димитар Ковачевски.
„Ова е Влада со прогресивно мнозинство што ќе ги затвори сите отворени прашања. Ова е Влада што рабопти на тоа да има 0 отворени прашања со соседи, ова е Влада која има 0 внатрешни отворени прашања, ова е Влада што е за НАТО и ЕУ и Влада која ги поврзува брегот на Црното со брегот на Јадранското море со железницка, автопат и енергетски коридор“, додаде Артан Груби.
„Последиците од војната во Украина откриваат едно од најранливите места во нашиот регион – неразвиеноста дури и инфраструктура што недостасува. Во условите на енергетска криза, потребно е да обезбедиме патиша за доставување на енергенсите и токму поради непостоњето на железница нашите земји се принудени да бараат алтернативи за набавка кои поминуваат преку трети земји кои дополнително ги зголемуваат цените но и времето за испорака“, вели Галаб Донев.
Ветување дека, овојпат на работата ѝ се гледа крајот, дадоа и министерот Бочварски и директорот на Македонски железници.
„Нашата заедничка и единствена мисија ќе заврши со отворање на границите и комплетно завршување на коридорите. Ќе продолжиме заеднички да работиме токму преку вакви капитални проекти и ќе покажеме дека најважните политички теми во регионот ќе бидат инфраструктурата и поврзувањето“, додаде Благој Бочварски.
„Сите земји во Европа без разлика да се членки или кандидати формираат еден голем железнички мозаик за кој верувам дека треба да бидат подеднакво третирани и поддржани со цел да се одржи истиот во целот. Преку овие активности ние и како македонски железници и држава покажуваме дека не сме само географски дел до Европа туку и дека имаме капацитет и волја да бидеме рамо до рамо со нашите европски пријатели во имплементацијата на европските стратегии“, вели Хари Локвенец.
Активностите на пругата започнаа далечната 1994, а досега изгубени се најмалку 100 милиони евра поради нејзиното незавршување. Владата на Груевски изградбата ја интензивираше во 2014 година, но повторно запре. Последното ветување и реализирање беше од премиерот Заев и Петков.
Европската унија го помага проектот со 710 милиони евра.
