По 5 месеци се сретнаа учителката и учениците: „Сакаме да се вратиме во училиште“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не се виделе 5 месеци, бидејќи наставата ја следеа од дистанца. Учителката Сузана Јакупи Курбатовиќ не можеше да ги скрие емоциите. Причина за средбата со учениците од петто одделение е враќањето на учебниците од четврто одделение.

Учениците завршија четврто одделение и продолжуваат во петто.

Учителката Сузана на учениците ќе им предава на дистанца и од 1 октомври. Таа раскажува за ефектот од онлајн наставата.

Тоа влијае на едукативниот развој, влијае и на емоционалниот и социјалниот развој на учениците. Социјализацијата односно дружењето е многу важно за натамошниот живот на улениците. Од прво одделение до петто доста се работи на социјалниот аспект кај учениците.

Затоа таа препорачува настава со физичко присуство до петто одделение. И учениците сакаат да се вратат во училиште.

Зависи од структурата на класот. Во одделение има по тројца ученици кои не можат да се вклучат на онлајн настава. Зборувам за моето искуство.
Ученици
Подобро е во училиште.
-Ви недостасува учителката?
-Да.
-Се чувствувате ли загрозени од коронавирусот?
-Не!

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека онлајн наставата сега е единствена опција бидејќи враќањето во училиштата ќе се прави постепено.

Учителката Сузана се надева дека учениците ќе можат да се сретнат и по почетокот на учебната година на 1 октомври, кога според планот усвоен од Владата, во училиште ќе се вратат учениците од прво до трето одделение, но со претходно одобрение од родителите.