По 6 дневна потрага, најдено телото на 22-годишното момче – се наоѓало на околу 3 км од местото на несреќата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова е местото каде околу 10.30 часот денеска најдено е телото на 22 годишното момче од Куманово кое настрада во сообраќајна несреќа на 3-4 км погоре од автопатот Тетово-Скопје“, вели репортерот на ТВ21.

Потрагата траеше 6 дена за сега веќе починатиот Ердон Рамадани. Освен полицијата и спасувачките екипи, од утро до вечер во потрагата се вклучија и жители од општина Желино и роднини, кои речиси цела недела трагаа по момчето во водите на Вардар.

„Во близина на воениот објект “Еребино“ на реката Вардар, најдено е телото по  кое се трагаше  неколку дена, во соработка со СВР Тетово. ЦУК заедно со доброволци, војници и приватни компании како и доброволци помагаа во овој процес за што сакам да им се заблагодарам. Се претпоставува дека телот било на 3 до 4 км од местото на несреќата а ние интензивно вршевме потрага уште од првиот ден“, посочи Беким Максути.

По пронаоѓањето на безживотното тело, на терен излезе Обвинителството по што телото било извадено од водите на Вардари и е  предадено на обдукција.

„По интензивната потрага на припадниците на СВР Тетово најдено е безживотното тело  на 22 годишното момче кое на 27 септември излета од патот и падна во реката Вардар со својот автомобил Голф. Откако е извадено телото од реката, членови од семејството го идентификуваа безживотното тело на починатиот и по наредба на обвинител телото е предадено на обдукција“, додаде Фатмир Реџепи.

22 годишникот на денот на несреќата дошол од Куманово во Тетово за да го плати последниот семестар на факултет. Околу 11.30 часот на 27 септември, со автомобил паднал во реката Вардар на територија на општина Желино, Тетово. Кога бил извлечен автомобилот од водите на Вардар, внатре не бил пронајден никој, по што започна потрагата во водите и брегот на Вардар.