По многу ветувања, конечно беше отворен Албанскиот народен театар во Скопје. Првите кои уживаа во новiot ambient на објектот, чија реконструкција траеше 7 години, беа претставниците на ДУИ и вработените. Во меѓувреме, на официјалното отворање не беа видени претставници на албанската опозиција АА-ААА. Претставниците на оваа коалиција на sидовите на зградата на театарот ставија слики со ликовите на Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби, со натпис „уништувачи на албанската култура“. Тие обвинуваат за злоупотреба, бидејќи како што велат, ДУИ нема заслуги, туку е виновна за одложувањето на отворањето на вратите за јавноста.
„Тие не само што немаат заслуга за ова повторно отварање, тие се виновни за доцнењето повеќе од седум години. Тие се виновни за злоупотребите на парите на граѓаните, за тоа што ги оставија уметниците без работа и љубителите на уметноста без претстави. Тие исто така имаат и голема национална вина, тие се виновни за уништувањето на албанската култура со секоја нивна постапка и одлука. Вие господа, уништувачи на албанската култура, треба да дадете отчет и да одговарате! За вас нема место во седиштата на Театарот, туку во клупите на обвинетите!“, велат од Алијанса за Албанците.
Во врска со ова реагираа од ДУИ.
„ДУИ смета дека недостигот на идеи, немањето проекти реализирани од нивна страна, хроничниот нихилизам години по ред и тенденцијата за вандализам на албанската опозиција ги нервира граѓаните и е една од причините за нивните последователни неуспеси.“, велат од ДУИ.
Народниот театар во Скопје почна да се реконструира во 2014 година и требаше да биде завршен до 2016 година. Пред камерата на ТВ21 во 2017 година директорот Адем Карага вети дека театарот ќе се отвори таа година.
„Планираме и додатна премиера за обележување на отворањето на објектот. Тоа подразбира дека театарот ќе се отвори годинава? Се надеваме дека да.“, рече Карага.
Од почетокот на градежните активности, со Министерството на култура управуваа министри на различни партии кои се залагаа за отворање на театарот, но неуспешно. Последна, во ноември минатата година ветување даде и сегашната министерка од редовите на СДСМ.
Градежните работи беа завршени во 2019 година, тогаш имаше преписка меѓу СДСМ, ДУИ и Алтернатива, за тоа кој е заслужен за новиот албански театар, и поради тоа театарот остана затворен. Проблемите продолжија со покривот на зградата, кој прокиснуваше на неколку места. Потоа, имаше неплатени сметки за електрична енергија, кои беа избришани.
Инаку, од почетокот на изградбата на зградата на театарот, потрошени се над 10 милиони евра. Театарот повторно се отвори со видео-проекција на претставата „Брегот на тагата“ по повод роденденот или 71-годишнината од првата премиера на Албанскиот театар во Скопје.
