По блокадата на системот, Царината се враќа на каталозите – „Шваке“ нема да функционира до крајот на неделата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден ден по известувањето на ТВ21 дека возилата остануваат блокирани на паркинзите на приватните шпедиции низ целата земја, Царинската управа се враќа на стариот метод за проценка при царинење.

Иако веќе пет дена не функционира онлајн системот на германскиот оператор „Шваке“ за Македонија, според надлежните, овој проблем се очекува да продолжи до крајот на неделата.

Затоа, Царината потврдува за ТВ21 дека од денеска проценката на вредноста на возилата ќе се врши преку физички каталози, со цел да се утврди царинската цена врз основа на годината на производство, зафатнината на моторот и бројот на шасијата.

Исто така, од Царинската управа велат дека постигнале договор со приватните шпедиции за време на блокадата да не им наплатуваат паркинг на граѓаните на кои возилата им биле задржани во овие денови.