По бод за БиХ и за Канада на првиот меч од групата Б на Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Имаше селекцијата на Босна и Херцеговина предност во мечот со ко-домаќинот на Мундијалот Канада во дуелот во Торонто, но на крајот мораше да се задоволи со еден бод.

Јово Лукиќ во 21. минута ги донесе Босанците во предност. Колашинац асистираше од корнер, а Лукиќ успеа да ја израдува публиката на БиХ.

Во второто полувреме Канада притисна да израмни. Имаше една супер шанса, кога Колашинац спасуваше од гол линијата, а потоа Ларин успеа да го совлада Васиљ. Откако прими една топка на 15-16 метри, успеа да упати прецизен удар во десниот агол за да донесе бод за својата селекција.