По една година, Шутка доби гинеколог – доктор Крстески вети дека ќе остане до пензионирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е лекарот Ламбе Крстески. Пред три недели ја отворил гинеколошката ординација во Шуто Оризари. Околу 8000 жени од оваа општина цела година беа без матичен гинеколог. До сега вели дека имал околу 350 прегледи, но жените од оваа општина се уште не се информирани дека можат да се обратат во поликлиниката за преглед кај матичен гинеколог, вели тој.

Пред камерата на ТВ21 Крстески вети дека ќе остане со пациентите од оваа општина до неговото пензионирање.

Советникот на премиерот за вклученост на Ромите, Елвис Мемети вели дека со министерот за здравство ќе одржат кампања за информирање на граѓаните за гинеколошки прегледи.

Инаку проблемот со немањето матичен гинеколог во општина Шуто Оризари постои веќе 10 години. За една деценија дошле и си заминале неколку лекари, отежнувајќи им ги на пациентките особено на бремените жени рутинските контроли и други прегледи.