Од денеска полицискиот час ќе почне во 23 часот и ќе трае до 05 часот наутро. Угостителските објекти ќе бидат отворени од 22:30. Граѓаните кафе ќе можат да пијат само во терасите и до четири лица на една маса.
Одлуката за скратување на полицискиот час не е воопшто политичка, туку е донесена поради подобрувањето на епидемиолошката состојба.
Министерот за економија, Крешник Бектеши во Клик Плус најави дека кон крајот на мај можно е да се отворат и свадбените ресторани.
Од друга страна, Претседателот на Независниот угостителски синдикат, Здравко Јосифовски, вели дека свадбените ресторани и кафеаните ќе инсталираат во нивните објекти филтри за прочистување на воздух. Според него филтрите ќе го прочистат воздухот, односно Ковид-19.
„Ќе поднесеме дополнително до комисијата за заразни болести да угостителските објекти во кој што во својот дел имаат мплементирано односно воведено соодветни филтри за прочистување на воздухот кој што гарантира дека го прочистува воздухот од Ковид 19 вирусот да им се овозможи да работат во внатрешниот дел. Тие барање ќе бидат предложени и за таканаречените ресторани и свадби каде што ќе бараме да може да се организира и во угостителски објекти кои што имаат соодветен сертификат дека претставуваат чисто и безбедно место“, рече Здравко Јосифовски, претседател на НУК.
Инаку со олабавување на мерките, односно со скратувањето на полицискиот час, муслиманските верници ќе можат во џамија да ја клањаат вечерната рамазанска молитва.
