По истекување на токсична хемикалија во Калифорнија, се евакуираат над 40 илјади луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Резервоар во јужна Калифорнија содржи околу 22.700 до 26.500 литри метил метакрилат, многу нестабилна и запалива супстанција што се користи во производство на пластика, јави BBC.

Пожарната служба на округот Оринџ (OCFA) издаде првични наредби за евакуација за подрачјето околу објектот во Гардeн Гроув, по пријави за зголемување на температурата во резервоарот.

Зоната за евакуација е проширена, а причината за истекувањето се истражува.

Од OCFA соопштија дека во објектот има три резервоари, од кои еден има оштетен систем за ладење.

На прес-конференција во петок попладне, шефот на OCFA, Крег Ковeј, изјави дека постојат две можни сценарија од истекувањето: резервоарот може да откаже и да пукне, при што хемикалијата би се излеала на земја, или може да дојде до експлозија.

Екипа за опасни материјали работи со експерти за да најде начин да се намали притисокот во погодениот резервоар и да се ограничи изложеноста.

Шефот на пожарната служба истакна дека наредбите за евакуација ќе останат во сила додека властите се обидуваат да ја стабилизираат состојбата. Тој додаде дека неговиот тим успеал да спречи понатамошно зголемување на температурата во оштетените резервоари, добивајќи време за да се утврди како да се поправи проблемот.