По наредба на јавен обвинител полицијата собира докази за предмет поврзан со наводно местење на фудбалски натпревари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрово во Скопје по наредба на јавен обвинител, полицијата влегла во неколку објекти со цел собирање на докази.

„По наредба на јавен обвинител се одзема документација за предмет поврзан со наводно местење на натпревари во Македонија“, дознава ТВ21 од свои извори.

Од Министерството за внатрешни работи пак само кратко информираа дека „постапуваат по Наредба на ОЈО Скопје“.

Неофицијалните информации велат дека се „чешла“ спорна документација за одредени клубови, а истата била побарана и во Фудбалската федерација.

Неофицијално, опфатени во истрагата се неколку клубови.

Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.