По објавувањето на Заводот за ревизија на капитални инвестиции, Николоски бара истрага во „Државни патишта“ и „Железници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски, зборувајќи за Извештајот на Заводот за ревизија за капитални инвестиции, го повика обвинителството да ја истражи работата на Јавното претпријатие „Државни патишта“ и претпријатието „Железници – инфраструктура“.

Според Извештајот на ДЗР за изградбата на Коридорот 8 и 10Д во должина од 10км, чиј изведувач е компанијата Бехтел и Енка, откако се усвои посебен закон за да се регулираат условите и начинот на изградба, ревизијата не можела да ја потврди предвидената сума од 1.3 милијарди евра. Николовски најави дека по промената на раководството на ЈП Државни пратишта, ќе бара декласифицирање на Договорот за коридорите 8 и 10д.

Од друга страна, според Николовски, повикувајќи се на извештајот, состојбата со автопатот од Скопје до границата со Косово долг 10 и пол километри, кој не е започнат и се планира со години, е зголемена од 112 милиони евра во 198 милиони евра. Тоа значи дека еден километар ќе чини речиси 20 милиони евра.

Проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води на Град Скопје e најголема инвестиција од областа на животна средина за кој од државата обезбедени се средства во износ од 196 милиони евра, и доделени се ЕУ средства во вредност од 69,7 милиони евра.

„Иако за овој проект се обезбедени средства, подготовката на овој проект е започната во 2007 година, а во 2014 година направена е надградба и ажурирање на студијата за изводливост за изградба на пречистителна станица за отпадни води во градот Скопје, но и после десет години проектот не е подготвен за физичка реализација“, велат од ДЗР.

Проектите од областа на здравството, изградба на Клинички Центар Скопје, и изградба на Регионална Болница Штип се откажани поради раскинати договори за заем и градба. За двата пројекта, иницирана е арбитража од изведувачите од вкупно 45,5 милиони евра.