По одлуката на Уставен: Функционерите на ДУИ разликата над минималната плата ќе ја донираат во солидарниот фонд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, денеска истакна дека разликата над минималната плата, ќе го донира во солидарниот фонд. Но, и сите функционери од ДУИ ќе го сторат истото, најави тој, после одлуката на Уставниот суд да го поништи решението за сите функционери да земаат минимални плати поради пандемијата со коронавирусот.

„Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да ја донираме во солидарниот фонд на Владата.
Борбата против КОВИД19 сигирно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“, напиша Османи.

Претходно истото го најавија и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на Штип Благој Бочварски и други функционери.