„По оздравувањето од Ковид-19 остануваат траги“, вели шефот на Одделот за респираторни вируси во СЗО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на Одделот за респираторни вируси при Светската здравствена организација (СЗО) Ричард Пибоди изјави дека по оздравувањето од Ковид-19 кај тоа лице може да се најдат траги од коронавирусот.

– Знаеме дека луѓето се најразни од кога ќе почнат да ги покажуваат првите симптоми. А откако ќе оздрават, кај тие луѓе можно е да се откријат траги од вирусот, но преносливоста во тој момент, веројатно е зничително помала. Луѓето се најзаразни непосредно пред или за време на развивањето симптоми, изјави тој за хрватската емисија „РТЛ Директ“.

– Она што е клучно е луѓето да ги намалат контактите со другите луѓе, посебно кога развиваат симптоми, да внимаваат на своето здравје и редовно да ги мијат рацете, истакна Пибоди.

Тој потенцира дека за секоја држава е многу важно случаите на зараза да се истражуваат, тестираат, следат и изолираат, а на нивните контакти да им се одреди мерка за самоизолација.