По пензија од Алта банка во Битола со организиран превоз: Народна банка обезбедува автобуси од Прилеп, Охрид и Ресен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пензионерите и другите клиенти на „Алта банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен, кои немаат платежни картички, во сабота, 7 ноември, ќе можат организирано да патуваат до филијалата на банката во Битола за да ги подигнат своите пензии и социјална помош.

Народната банка соопшти дека ќе обезбеди автобуски превоз од трите града до Битола и назад. Поаѓањето од Прилеп е во 10 часот од плоштадот „Методија Антонов-Ченто“, пред „Реклами“, од Охрид во 11 часот од градската автобуска станица, а од Ресен во 12 часот кај маркетот „Кипер“.

Враќањето ќе биде организирано откако сите клиенти ќе ги подигнат своите средства.

Гувернерот Трајко Славески претходно објасни дека ваквото решение е „многу поедноставно“ од логистички аспект отколку снабдувањето со готовина на филијалите во овие градови.