„По секоја тешкотија, следи олеснување“ – Молитвите за овој Бајрам се што поскоро да заврши пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 30 дневен пост, верниците муслимани го празнуваат Фитр Бајрам.

Централната манифестација се одржа во џамијата Мустафа Паша во Скопје.

По молитвата, се упатија во своите домови за да го прослават празникот. Најголемата молитва на повеќето е пандемијата да заврши што поскоро.

„Најголемата молитва би била да сме живи и здрави, и да го поминеме ковидот сите добри и здрави“.

„Слобода и мир, луѓето да бидат добри едни со други, да живееме обединето и во хармонија“.

„Се молам да помине оваа болест, Ковид, тоа би сакал. Алах да им го благослови Рамазан на сите. Честит Фитр Бајрам“.

„По секоја тешкотија, следи олеснување“, рече поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху изразувајќи оптимизам дека многу брзо ќе помине оваа болест, но рече дека треба да дадеме придонес сите штитејќи се, а според него ова е можеби последниот придонес што го даваме против пандемијата.

„Бајрам да го прославиме со посебна радост, но со особено внимание. Повторно да продолжиме да се придржуваме до сите мерки кои се предвидени за да ја избегнеме оваа опасна болест и ние ќе се придржуваме до правилото за почитување на мерките се додека надлежните институции, светски и домашни, излезат со нивен конечен став“, истакна Шаќир Фетаху.

Фетаху и се заблагодари на Владата за олеснувањето на мерките за време на Рамазан. Меѓутоа и покрај апелите за максимална заштита, на денешната молитва можеа да се видат многу луѓе без маска а и растојание не се држеше.