По најавите од Србија и претседателот Александар Вучиќ, денеска Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека за три месеци ќе се гради нова фабрика на компанијата „Биовет“ во Разград, северо-источно од земјата, во која ќе се произведуваат вакцини против Ковид-19, но и вакцини за ветеринарна употреба.
БТА извести дека Борисов денеска ги посетил работите за изградба на нов производствен погон во Разград, во кој компанијата „Биовет“ инвестирала околу 60 милиони евра.
Борисов објави дека ја информирал Европската комисија за планираните излезни капацитети на идната централа, како и дека овој инвестициски проект „Биовет“ во Разград, вреден вкупно 200 милиони евра, ќе создаде 350 нови работни места.
