По сторијата на ТВ21, градежниот инспекторат ги запре ископувањата – поставена жолта лента

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државниот градежен инспекторат постави жолта лента кај археолошкиот локалите каде се вршат археолошки ископувања по кои теренот може да се расчисти и да се изградат објектите. Додека траеја ископувањата инспекторите излегоа на терен, но бидејќи археолозите немаа никаков документ со себе, инспекторите мораа да ги прекинат работите и да ги отстранат од просторот.

„Во моментов е поставена лента за да не се влегува внатре. Забранет е влезот внатре се додека не донесат документација да се види дали е се во ред“, вели Илаз Лесковица.

Извори од општина Карпош за ТВ21 ни рекоа дека на тој локалитет и според ДУП- от предвидено е да се изгради зграда, а од екс градоначалникот издадена дозвола за градба. За овие информации и официјално побаравме одговор од општина Карпош, но не добивме.

Директорот на Управата за заштита на археолошко наследство, Арјан Асланај, вели дека додека се прават археолошки ископувања не може да се гради.

„Додека има археолошки ископувања, додека да завршат да се направи збирка од сите археолошки работи, потоа ќе се види дали ќе се гради нешто таму, или нешто друго, тоа не знам, но додека траат археолошките работи нема никаква … не смее да се гради на тоа место“, додаде Арјан Асланај.

Од друга страна, на овој локалитет се чини дека има многу древни артефакти, а една од нив била плочата со натписот Дарданус, која веќе р преместена на археолошкиот локалитет Скупи.

Но, историчарот Музафер Бислими вели дека ако има повеќе артефакти на просторот, изградбата може целосно да се запре.

„Но доколку локалитетот има толку многу артефакти кои се однесуваат на историјата на народите кои живеат овде во Македонија, иако е приватен имот, фактички изградбата може целосно да се запре“, вели Музафер Бислими.

Во моментов работите се во прекин, а инспекторот Лесковица рече дека утре во 12 часот ја чека целосната документација за да види дали е се во ред. Инаку според историјата Дарданите биле Илирско племе кои живееле во центарот на Балканот, главно на територијата на денешно Косово и околината и биле основачи на кралството Дарданиа околу 4 век пред нашата ера.