По сторијата на ТВ21, реакција на НВО, 22-годишна девојка по физичко, трпи психичко насилство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сторијата на ТВ21 за 22-годишната девојка од Кичево која трпи насилство од својот сопруг, предизвика лавина реакции од организации кои се занимаваат со човекови права. Од Хелсиншкиот комитет бараат Судот да ја забрза постапката за случајот, бидејќи како што велат, додека обвинетиот е на слобода животот на мајката и детето е во опасност.

Забрзување на постапката побараа и од Линијата СОС. Од таму, за ТВ21 рекоа дека се зачудени од негрижата на институциите за случајот.

-Сторителот има досие во полиција, па се поставува прашањето – зошто нема мерка за приведување? Обврска за пријавување на сознание за семејно насилство е утврдено за граѓански лица и службени лица-вели Снежана Смилеска од СОС.

Со остра реакција се јавија и од Организацијата „Мајка и дете“, од каде велат дека има случаи каде поради негрижата на институциите, жртвите завршуваат со смртни последици.

-Сведоци сме дека во последно време, токму од таа негрижа, жртвите завршуваат и со смртни последици. Најпрвин апелираме до МВР, Министерството за труд и социјална политика, како и до центрите за социјални работи, сериозно и одговорно да ги третираат овие случаи и да го извршат потребниот притисок во Министерството за правда, бидејќи е неопходно во овој случај“

Единственото барање на жртвата е надлежните да постапат час поскоро, бидејќи како што вели, не може да живее мирно ниту во куќата на нејзините родители.

Обвинетиот често доаѓа во Кичево и ѝ се заканува, а како што раскажува 22-годишната девојка, дури се обидел и да го запали станот на нејзините родители. ТВ21 повторно контактираше со жртвата, која рече дека обвинетиот продолжува да ја вознемирува преку телефон со скриен број кај нејзините роднини. Центарот за социјални работи изрече мерка – обвинетиот да не ѝ се доближува на жртвата. Но, и покрај оваа мерка и интервенцијата на полицијата, обвинетиот не запира во своите намери. Судот во Кичево двапати ги одложи рочиштата, а следното е закажано за 16-ти месецов.

ТВ21 дозна дека обвинетиот А.М. од Љуботен, Скопје, денеска бил повикан во Полициската станица-Бутел, му билa земенa изјава и материјални докази, по што повторно бил пуштен на слобода.