По страшната трагедија во Гостивар, обвинение за мајката – го врзувала синот кој настрада во пожарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Станот во кој вчера животот го загуби 7 годишниот Б.Т. денеска е затворен.

„Се наоѓаме во станот во кој вчера како последица од пожар животот го загуби 7 годишниот Б.Т. чија мајка во текот на денешниот ден ќе треба да излезе пред истражен судија бидејќи детето го врзала со синџир и катанец поради што било невозможно да се извади од станот.“, јавува репортерот на ТВ21.

Полицијата и обвинителството ја завршиле истрагата, а на мајката на седумгодишното дете и се заканува петгодишна затворска казна. Обвинителството поднесе обвинение против неа за сторено кривично дело поради груби повреди на своите заонски семејни обврски. Обвинителството соопшти дека таа го малтретирала своето дете, го врзувала со ланец и катанец за креветот. Поради тоа, кога настанал пожарот детето не можело да го напушти домот и го загубило животот.

Останатите малолетни деца на осомничената, која од вчера е во притвор, се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.

Од таму додаваат дека досега кај нив никој не пријавил некакво кршење на правата на децата и не се пријавени за примање на никаква социјална помош.

„Ние како Центар од вчера почнавме да работиме со нив. Синоќа во 10 часот дојде екипа за да ги посети децата. Беа вознемирени и сега додека разговараме екипата е на местото каде ги имаме сместено за да работат со нив и да ги смират.“, вели Азби Шаќири.

Соседите велат дека не ги познаваат, бидејќи ова семејство неодамна се вселило во станот под кирија. Ниту детето кое го загубило животот не го виделе досега.


„Не, не, не ги познаваме, тие неодамна дојдоа под кирија тука и не сме ги виделе надвор.“, вели еден станар.

Инаку семејството е од Ресен, а во Гостивар се доселило кон крајот на октомври 2018 година. Детето што го загуби животот не одело ниту во училиште бидејќи според негови блиски било со пречки во развојот.