По три месеци во вселената, кинеските астронаути се вратија на Земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројцата кинески астронаути се вратија на Земјата. Тие минаа три месеци во вселената, а тоа е, официјално, најдолгото време за кинески вселенски истражувачи.

Није Хајшенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо полетаа од Земјата на 17 јуни. Главна цел на Кинезите беше вселенската станица Тијангонг, која е во изградба. Таа треба да се заврши до 2022 година, а Кина планира таму да испрати уште две летала, секоe тешко по 20 тони.

По досега најдолгата вселенска мисија со екипаж на Кина, капсулата за враќање на бродот Shenzhou 12 беше забавена при спуштање со голем падобран и конечно слета во пустината Гоби во северна Кина. Настанот се пренесуваше во живо на Кинеската државна телевизија.

Следниот лет со луѓе е предвиден за октомври.