По веста дека е прогласен за „персона нон грата“ од Албанија, реагира Бела: Рама и Вучиќ ме ставија на листата на непожелни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичкиот аналитичар Ваљон Бела реагираше по информациите дека е прогласен за непожелна личност од страна на Владата на Албанија. Во јавна изјава, Бела ја оцени одлуката како политички мотивирана и истакна дека една административна одлука, според него, не може да ја наруши неговата историја и придонес, пренесува ТВ21.

Тој побара транспарентност и јавно образложение за донесената одлука, наведувајќи дека жртвите и неговиот национален ангажман не можат да се вреднуваат исклучиво преку административни мерки.