По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, Артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Според Генералштабот на Армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.
