Почина актерката Ленче Делова

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 77-годишна почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски Театар – Скопје.

Делова е родена на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски театар настапувше од 1964 најпрво како актерка-аматерка, а во 1970 стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013.

Делова играше во 60-тина претстави во Драмски театар, од првата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ во 1965, преку „Макбет“ на Шекспир, „Вишновата градина“ на Чехов, до „Чија си“ на Сашко Насев во 2013. Глумеше и во над 30 филмови, ТВ-филмови и серии, меѓу кои и во „Детективи“, „Илинден“, „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Чук Чук Стојанче“, „Тврдокорни“, „Еурека“, „Тетовирање“, „Болва в уво“, „Опстанок“, „Чернодрински се враќа дома“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, Македонски народни приказни“,  „Светот има осум страни“, „Од денес за утре“, „Турни ме да Кинисам“ и „До балчак“.