Почина двегодишното дете кое беше тешко повредено на новогодишната ноќ во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово на Скопска клиника почина 2-годишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во Скопје, пренесува МИА. Според првичните информации било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум додека со својата мајка гледало огномет.

Инцидентот се случил надвор од домот, додека мајката го држела детето во раце. Итно било пренесено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Детето било донесено во тешка здравствена состојба, со крвавење на мозокот со зафатени сите мозочни комори.

Основнот јавно обвинителство наредило обдукција.

Претходно министерот за внатрешни работи Тошковски информираше за двегодишното дете, и потврди дека повредата е предизвикана од метален фрагмент. И натаму трае истрагата за овој случај.