Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, почина денеска на 91 годишна возраст.
Мубарак беше политичар и претседател на Египет цели 30 години, од 1981 до 2011 година. После кариерата како пилот, застана на чело на земјата. Многумина го сметаат за диктатор и еден од најмоќните политичари на Блискиот исток.
Бил познат по неутралната позиција во израелско-арапскиот конфликт и како општоприфатен преговарач.
